Челзи го претставни домашниот дрес за сезоната 2020/21, на кој ќе стои нов спонзор на предната страна. Наместо „Јокохама пневматици“, ќе стои амблемот „Три“ на кинеската компанија за телекомуникации.

За разлика од претходните две сезони, домашниот дрес во изработка на „Најки“ е доста едноставен на кој доминира сината боја. Лондончани го претставија со видеоспот на тема „Алиса во земјата на чудата“. Инаку избраниците на Френк Лампард уште вечерва ќе го облечат новиот дрес во градското дерби против Вест хем.