Еден Азар направи ѕвезден трансфер во Реал Мадрид минатото лето, но кариерата на Белгиецот на “Сантијаго Бернабеу” не започна на најдобар начин.
Азар имаше проблеми со тежината, а го следеа и бројни повреди низ целата сезона.
Како што е познато, во моментов фудбалот е запрен заради пандемијата од коронавирус и не е познато кога првенствата ќе бидат рестартирани.
Азар призна дека му е тешко да ја следи стрикно диетата за време на карантина.
“За мене е многу тешко. Се обидувам да не јадам многу. Се обидувам да не претерам со кифлите и слатките, но тоа не е лесна работа. Работам со тренер онлајн. Тој веќе не доаѓа, зошто е болен. Започнавме пред 10 дена, но сега тој ми испраќа видеа. Работам за заздравување на зглобот и правам се што можам од дома. Имаме градина пред куќата и нешата не се толку лоши, како кај други луѓе.”-заврши Азар.