Производителот на автомобилски гуми “Пирели” може да биде големиот џокер на Интер во мисијата невозможниот трансфер на Лионел Меси од Барселона да стане реалност. Така мисли сопственикот на компанијата Марко Тронкети.

Иднината на Аргентинецот повторно изгледа нејасна, откако минатата недела излезе информација за неговото незадоволство од управувањето на каталонскиот гигант.

Првите информации за пристигнувањето на Меси во Интер беа пуштени од бившиот газда на “нераѕурите” Масимо Морати.

“Чесно кажано во тешки времиња како сегашното ние не можеме да инвестираме во спортот така, како досега. Инвестираме во Интер, Формула 1 и Купот на Америка”, изјави Тронкети за Gr Parlamento.

“Но треба да го прашаме Стивен Жанг, од Интер треба да направат обит за Меси. Ние можеме да помогнеме, но не можеме да сториме ништо посебно”, дополни сопственикот на “Пирели”.

Неговата изјава веднаш отиде во насока дека Интер ќе добие помош исто како што “Фиат” му помогна на Јувентус при трансферот на Кристијано Роналдо во 2018 година.