Сопственикот на челзи Роман Абрамович ја презема задачата да го врати играчот од средниот ред Еден Азар на Стемфорд Бриџ.

30-годишниот Белгиец се здоби со речиси легендарен статус за време на неговиот 7-годишен престој со сините, пред да се пресели во Реал Мадрид во 2019 година. Сега рускиот Милијардер е подготвен да го врати во клубот тврди Ел Национал.

Азар пристигна со големи очекувања во Реал, но сепак не може да покаже најдобро што е способен на Сантијаго Бернабеу, бидејќи го прогонуваат повредите.

Досега тој има 55 натпревари и само 5 гола на своето конто за Белиот Балет. Затоа, Мадриѓаните најверојатно нема да го спречат тоа доколку добијат доволно добра понуда.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА